Бизнис
15. August 2017 - 18:02

Владата расправа за последиците од пожарите во шумите

Близу 4000 хектари шума опожари огнената стихија која ја зафати земјава. Од вкупно 56 пожари на територијата на Македонија 22 за кои се комплетирани постапките предизвикале штета од околу милион евра покажува првичната проценка. За останатите, останува да се комплетираат записниците со што ќе се утврди вкупниот износ на штетите.

Николовски посочи дека надлежните нема да дозволат да се врши продажба на опожареното дрво. Во идниот период ќе продолжат засилените контроли на шумската полиција и инспекторатот.

МВР поднесе кривични пријави против пет лица кои се сомничат дека ги предизвикале шумските пожари намерно  или од невнимание. Прекршочни постапки има и за оние кои не ја почитувале забраната за движење во шумите.