Бизнис
25. July 2017 - 20:51

Во прилепскиот регион потрошувачката на вода зголемена за три пати

Екстремно високите температури и нерационалното користење на водата од Регионалниот водовод “Студенчица”, за три пати ја зголемија потршувачката на вода во градот под Марковите Кули. Во периодите кога екипите на ЈКП Водовод и канализација го санираа проблемот со пренасочување, повисоките зони останаа без вода  Од ЈКП “Водовод и канализација” информираат дека од изворот “Студенчица” во моментов доаѓаат 200 литри вода во секунда што би биле доволни, но под услов водата да се користи рационално.
 
Во случај да потрае ваквата состојба, од прилепски “Водовод” прават подготовки во функција да ги стават и бунарите.
 
Со комплетната реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, како и благодарение  на врнежливите години, проблемите со нарушеното водоснабдување Прилеп ги остави зад себе пред повеќе од 10 години.