Тевдовски: Ребалансот се подготвува, еврообврзница може и да не се издаде
Во Министерството за финансии активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека ќе се скрати од, како што рече, комодитетот на луѓето на власт и ќе се настојува да се добие прагматичен буџет.
- Активно работиме на ребалансот на Буџетот. Ќе направиме се што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години, а истовремено да дадеме можност на нашите реформски приоритети, изјави министерот Тевдовски, одговорајќи на новинарски пашања денеска на потпишувањето договори за грант од ИПА пограмата за рурален развој.
Тој додаде дека согласно изгласаниот Буџет за 2017 одина од претходната власт, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар и рече дека за издавање на еврообврзница не се размислува пред донесување на ребалансот на Буџетот.
- Еврообврзницата нема да биде издадена пред ребалансот. Ги оценуваме можностите и можеби ќе оцениме и еврообврзница да не издаваме. Така што ние ги гледаме кои се можностите од аспект на доброто на граѓаните односно да плаќаат пониски стапки, рече Тевдовски и додаде дека во моментов цената на некоја еврообврзница би била поевтина отколку што се плаќаше во минатото.
Потенцира дека ги разгледуваат можностите за задолжување на домашниот пазар каде, како што рече, има сериозен вишок на ликвидност, но оти се разгледуваат и опциите за надворешни задолжувања.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола