-->
-->
НБА плејоф: Вашингтон и Бостон во следната рунда, ЛА Киперс се избори за мајсторка
-->
Екипите на Вашингтон и Бостон се пласираа во конференциското полуфинале, додека составот на Лос Анѓелес Клиперс се избори за мајсторка против Јута.
Ова е исходот од синоќешните три одиграни натпревраи во првата рунда на НБА плејофот.
Вашингтон и Бостон закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето на Истокот, откако двата тима славеа победи на гостински терен и тоа, Вашингтон ја совлада Атланта со 115:99 и ја затвори серијата со конечни 4-2, а Бостон го доби шесттиот дуел против Чикаго со 105:83.
Првиот меч од од полуфиналето „Селтикси“ и „Визардси“ ќе го играат веќе утре од 19 часот по македонско време во Бостон.
За вечерта да мине комплетно во знак на гостите се погрижи тимот на ЛА Клиперс кој во Солт Лејк Сити ја победи Јута со 98:93 и дојде до израмнување на 3-3 во победи.
Мајсторката ќе се игра во Лос Анѓелес во понеделник наутро, а победникот ќе се пласира во полуфиналето на Западната конференција каде за противник ќе го има тимот на Голден Стејт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ