На Криволак уништени 600 неексплодирани гранати
Околу 600 парчиња неексплодирани убојни средства беа уништени на Криволак, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, со логистика на министерствата за одбрана, внатрешни работи и здравство.
Директорот на Дирекцијата, Аднан Џаферовски за МИА изјави дека ова треба да се случува секоја година во некој период, откако ќе се соберат одреден број вакви парчиња од повеќе локации на државата.
- Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар, собрани од територијата на целата држава. Потекнуваат од Првата и Втората светска војна. Ги има насекаде, но најмногу во Охридско Езеро, делот кај регионот кај Дојран и Демир Капија, информираше тој.
Нагласи дека има совесни граѓани кои ги пријавуваат овие случаи, но за жал има и такви кои не обрнуваат големо внимание на тоа и на свој ризик преземаат мерки кои се недозволиви.
- Секогаш апелираме кога ќе се наиде на сомнителна ситуација или вакво парче, задолжително да пријават во најблиската полициска станица, додаде Џафероски.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник