МТСП: Идната недела почнува преселбата на децата сместени во Демир Капија
Овој месец, вкупно седум деца од Специјалниот завод Демир Капија ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и развој. Првите корисници што ќе излезат во понеделник се селат во мал групен дом во Неготино.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со дел од пратениците го посети Специјалниот завод Демир Капија, каде што реформите интензивно течат.
- Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Деинституционализацијата е премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова овозможуваме развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и можност за активно учество на згрижените лица во животот во заедницата. Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните постигнувања беа скромни, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, се додава во соопштението, се заложи до 2020 година да нема ниту едно дете на возаст до три години во институциите и продолжува посветено да работи во таа насока.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата