Loading Video...
Свет
30. May 2023 - 16:31

Москва на удар на 8 дронови - Русија тврди сите се соборени - Киев отфрла вмешаност, но е среќен за нападите

Москва на удар на дронови.Кремљ го обвини режимот во Киев дека стои зад утринскиот напад на главниот град на Русија, кој како што пренесува Ројетрс бил насочен кон некои од најбогатите зони . Во нападот биле  вклучени 8 бесиполни летата но сите биле сособрени тврди портпаорлот на Путин.

-  Апсолутно е јасно дека тоа беа одмазднички дејствија на режимот во Киев. Министерството за одбрана се претстави добро, а исто така и воздушната одбрана рече Дмитриј Песков.

При нападот две лица се полесно повредени  а  неколку згради се оштетени од остатоците  од соборнеите дронови соопшти рускиот истражен комиет. На обвинувањата на Кремњ одговори   Михајло Подољак, советник на укрианскиот претседател. 

- Се разбира, уживаме да гледаме и да предвидуваме зголемување на нападите. Но, се разбира, ние немаме ништо директно со утринскиот напад, изјави Подољак.

Ова не е прв напад со дронови на руска територија  додека се води војната во Украина. На почетокот  на месецов бесиполни летала предвикаа шетата на седиштото  на руските власти, Кремњ, напад  за кој Москва го обвини Киев, опишувајки го како обид за атетент на претседателот  Путин.

Цел на напад со дронови утрово бил и Киев  Руската армија  нападна со 31-но од кои 29 беспилнотни летала  беа соборени од силите за противвоздушна одбрана објави градоначачникот на  украинската престолнина, додавајќи дека во нападот загинал еден цивил кога била погодена неговата станбена  зграда. Руската армија  демантира дека  погодила цивилен објект.