Младите Европејци најзаслужни за зголемената излезност на ЕУ изборите
Стапката на излезност на младите Европејци на последните ЕУ избори во мај е значајно зголемена во однос на претходните изборни циклуси, покажува последното истражување на Евробарометарот.
Најзначајно е зголемена излезноста кај младите под 25 годишна возраст и младите помеѓу 25 и 39 годишна возраст, покажува првиот пост-изборен Евробарометар.
Последните избори за Европскиот Парламент бележат излезност од 50,6 отсто излезност, што е највисока стапка од 1994-та година.
Во 19 земји членки на ЕУ излезноста е значајно зголемена во споредба со изборите пред пет години, посебно кај поновите земји на ЕУ како Полска, Романија, Унгарија, но и во Шпанија, Австрија и Германија.
Излезноста се намалила во осум земји членки, но само за три процентни поени.
-Значајниот раст на излезноста на мајските европски избори покажува дека луѓето и посебно младата генерација ги ценат своите демократски права и веруваат дека ЕУ е посилна кога делува заедно за да се справи со нивните грижи, изјави претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.
Главните преокупации на европските граѓани за овие избори биле на прво место економијата со 44 отсто и климатските промени со 37 отсто.
Напуштањето на Обединетото Кралство на ЕУ исто така одиграло важна улога го зголеменото учество на граѓаните во ЕУ изборите, посочуваат анкетираните.
Вкупно 68 отсто од анкетираните одговориле дека нивната земја имала бенефит од членството во ЕУ, што претставува највисок резултат од 1983-та година.
Ново на Сител
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот пат на земјите од регионот
-
Петар Арсовски - гостин во Тема на денот
-
Завршна активност на македонското претседавање со ПСЈИЕ под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба''
-
Медицина ќе се студира и кај Мерко
-
Прилепска пиварница одбележува 100 годишнина од основањето
-
Изложба на Американскиот Универзитет на Европа - ФОН
-
Завршна активност на македонското претседавање со ПСЈИЕ под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба''
-
Oсмани: Грција ги исполни суштинските обврски од Преспанскиот договор