Македонија
13. јуни 2024 - 19:49

Прилепска пиварница одбележува 100 годишнина од основањето

Со здравица за уште многу успеси Прилепска пиварница одбележа 100 години од основањето. Приказната која почнала во минатиот милениум и денес е на врвот на иновациите. Докажаниот квалитет дома, е веќе познат и за светските пазари.

Прилепска пиварница во изминатите 100 години континуирано се развива и приспособува за да одговори на потребите на клиентите и пазарот.. Од компанијата велат остануваат посветени на развојот, задоволување на потребите на вработените и поддршката во културата, спортот, образованието.

На свеченоста за одбележување на 100 години од основањето на Прилепска пиварница беше прикажан документарен филм за почетоците и развојот на компанијата.