Македонија
13. јуни 2024 - 16:47

Oсмани: Грција ги исполни суштинските обврски од Преспанскиот договор

Грција ги исполнила нејзините суштински обврски од Преспанскиот договор- го тргнала ветото, Македонија стана дел од НАТО и лобира за нас во ЕУ - Македонија пак, го промени името. Тоа е суштината на Преспанскиот договор според министерот во заминување Бујар Османи. За другите обврски со двата парламенти не може да се постигне консензус.

Според Османи, останале само меморандумите од грчка страна и два три сообраќајни знаци да се сменат, но ниту Македонија пак не ги донела законите за промена на имињата на  МАНУ и МРТ. Рокови до кога треба да се исполнат обврските нема, туку само добра волја. 

Министерот Османи имаше билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Грција, а состанокот го оцени како добар и конструктивен. Со министерот Герапетритис пак, се слушнале на телефон бидејќи имал обврски во Атина, а попладнево тој ќе пристигне во Скопје на самитот само на два часа и нема да се сретнат. 

Во разговорите заклучиле дека идно вето од Грција не е најавено бидејќи двете страни изразиле надеж дека ќе ги почитуваат обврските. Чекаат идната недела како ќе постапи новиот мандатар при формирањето на Владата и дали ќе го почитува договорот од Преспа.