Loading Video...
Спорт плус
4. May 2023 - 19:55

Миленковски: Да организираме препознатлива македонска одбојкарска школа

Одбојкарската федерација на Македонија денеска и официјално го престави новиот селектор на Јошко Миленковски кој по пауза од цели 15 години повторно е на оваа функција и ќе ја предводи нашата најдобра селекција во Златната европска лига и следното ЕП. 

Миленковски истакна дека неколку пати преговарал со раководството на федерацијата но се до денеска нема оптимални услови да ја преземе функцијата.  Новиот селектор истакна дека засега ќе работи до крајот на овој циклус а основниот мотив е едукација на тренери и создавање препознатлива македонска одбојкарска школа која ќе продуцира квалитетни одбојкари за националниот тим. 

Миленковски соопшти и список со 20 одбојкари со кои од утре во Маврово започнува со подготовките.