Лани 300 лица од Крива Паланка и Ранковце се вработиле со „Македонија вработува“
Со проектот на Агенцијата за вработување на Република Македонија „Македонија вработува“ досега се вработиле триста лица од Крива Паланка и Ранковце.
Со разновидните мерки од овој проект се опфатени сите категории лица кои се активни баратели на работа.
- Со четирите возрасни категоризации од проектот се опфатени сите старосни групи граѓани. Компаниите имаат најголем интерес пред се за вработување на младите лица до 29, односно до 35 години. Овие мерки се најискористени и со нив се вработени најголем процент лица, додека голем интерес има и за мерката за вработување лица од 50 до 58 годишна возраст, мерка која на работодавачот му создава дополнителни обврски, а пет години му се платени придонесите за вработеното лице, изјави Грозде Ѓеоргиевски , раководител на Центар за вработување во Крива Паланка.
Тој потенцира дека во тек се неколку огласи од Оперативниот план на АВРМ за 2016 година.
- Во тек се огласи со кои невработените лица можат да бидат вработени во микро и мали претпријатија или преку обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување. Кон крајот на месецот се очекува да биде објавен и огласот за самовработување со кредитирање. Инаку, ќе се спроведат и повеќе обуки од Оперативниот план, за странски јазици, компјутерски вештини, за обезбедување, мотивациски обуки и останати за разни вештини. Со оваа обука лани три лица од Ранковце се стекнаа со лиценца, додаде Георѓиевски.
Овој проект на Владата и АВРМ почна на 27 март 2015, а ќе трае заклучно со 27 април 2016 година.
Ново на Сител
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија