Ковачевски: Успеавме, просечната плата надмина 30.000 денари
Премиерот Ковачевски преку видео обраќање се заблагодари на сите владини претставници во овој и минатиот мандат за трудот кој го вложиле во реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари.
Во прилог ви го доставуваме интегрално неговото обраќање:
„Почитувани граѓани,
Владата предводена од СДСМ го реализираше едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.
Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат.
Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме.
Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а Буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.
За крај, изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме“.
Димитар Ковачевски, премиер
Ново на Сител
-
Бајден: Не очекувам во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот во Газа
-
Столтенберг: Војната во Украина ќе продолжи сѐ додека Путин очекува да се откажеме
-
Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот тек на земјите од Балканот
-
Со Герапетритис не била отворена темата за името
-
Во здраво тело главата е лyда | Зоран Крстевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 043
-
Ердоган: Турција и Шпанија почнаа да работат на заедничко производство на нов амфибиски воен брод
-
Четири лица кривично ќе одговараат за напад врз мајка со деца