Кипар се обрати до Меѓународниот суд на правдата поради Турција
Кипар започна судска постапка против Турција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради активностите на Анкара за дупчење на морското дно во кипарските води за експлоатација на гас, најави денеска кипарскиот претседател Никос Анастасијадес.
Тој рече дека тоа е дел од ветувањето на неговата Влада дека ќе ги употреби „сите правни средства“ што ги има на располагање за да ги заштити суверените права на Кипар.
– Турција преку својата амбасада во Атина беше известена за таа правна акција, рече Анастасијадес и додаде дека можат да се појават тешкотии.
Турција врши бушење од јули во водите на кои Кипар полага ексклузивно право.
Анкара претендира на речиси половина од таа кипарска ексклузивна економска зона и тврди дека ги брани своите права и правата на купарските Турци за енергетските резерви во областа.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива