Канческа-Милеска: Кој е предавник, кој патриот се гледа на дело, пак би гласала за промена на името
Елизабета Канческа Милевска некогашната министерка за култура, беше гостинка во емисијата „Студио 10“. Таа моментално е надвор од политиката и кога би била пак во неа таа истакана дека би гледала да создаде неполитизирана држава.
- Моето работење во политиката, бев околу 9 години министер за култура, добро ми се познати состојбите во културата, сите проекти од моја страна се видливи. Горда сум на сето она што го имам постигнато, а сметам дека горда е и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Јас комуницирам со голем дел од членовите на партијата, не е баш така како што некој сака да го претстави. Немам Фејсбук, комуницирам ако ве гледам во очи, да дебатираме, со критички осврт. Не бегам од критика, треба да функционираме интелектуално, додава таа.
Канчевска Милеска вели дека стои зад секој одлука.
- Моето размислување не е демагошко. Кој е предавник, кој патриот се гледа на дело, моето дејствување и делување е јавно, и секогаш ќе застанам спроти секој да дебатирам за тоа. Пак би го направила истото во врска со Преспанскиот договор, уште поактивно би се вклучила, секој треба да ги увиди грешките. Треба да сме активни чинители во секој процес. Тежок беше тој период, знаете колегите како размислуваат, а не сакаат да го изнесат своето ммислење. Некој друг нека биде предавник, јас ќе бидам патриот, велеа. И тогаш укажав на голем дел од грешките на СДСМ. И во однос на договорот, и договорот со Бугарија, вели таа.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228