Османи: Украинскиот народ не е сам во битката за мир и правда
Претседавачот со ОБСЕ и министер Бујар Османи, упати порака до украинскиот народ во знак на нивна поддршка за храброста и нивната решителност во отпорот против воената инвазија од страна на Русија која трае 12 месеци.
- Свесни сме за страдањата низ кои поминувате изминатите 12 месеци. Ние се солидаризираме со вас. Северна Македонија како Претседавач со ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина во овие тешки времиња. Оваа подрршка ќе биде уште посилна кога конечно ќе се врати мирот. Ова е наша обврска и цел. Вие не сте сами, се вели во пораката од Османи до украинскиот народ.
Претседавачот на ОБСЕ во јануари ја посети Украина и посети неколку места кои беа силно погодени од воените дејствија. Тој оствари средби со цивилното население и низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.
Османи, како што се наведува во соопштението од МНР, порача дека еден од главните приоритети на Претседавањето ќе биде состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет