Бизнис
21. September 2015 - 13:43

Југоисточниот регион со најголема бруто-додадена вредност во земјоделството

Најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Македонија има Југоисточниот регион со 29,8 отсто, пред Пелагонискиот регион со 19,8 отсто, додека најмало учество има Југозападниот регион со само 3,7 проценти, покажуваат податоцијате на Државниот завод за статистика за 2013 година. 

Југоисточниот регион со 34,8 отсто има најголемо учество и во создавањето на вредноста на растителното производство, додека најголемо учество во создавањето на вредноста на добиточното производство има Полошкиот регион со 20 проценти.