Македонија
13. October 2025 - 10:35

ЈП Водовод: Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 октомври зема 217 примероци за физичко-хемиска и 217 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје.

 

МИА