Трамп не ја исклучува можноста за испраќање „Томахавк“ ракети во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста САД да ѝ испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што, според него, би можело да изврши притисок врз Русија и да придонесе за завршување на војната.
Говорејќи пред новинари во авионот „Ер форс уан“ на пат кон Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе разговара со Москва и ќе праша: „Дали навистина сакаат ‘томахавки’ да одат во нивна насока? Не мислам дека сакаат.“
Тој додаде дека ќе им порача на руските претставници: „Ако оваа војна не се реши, ќе им ги испратам томахавките.“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски последниве недели повеќепати побара вакви ракети, кои имаат дострел до 2.500 километри и би ѝ овозможиле на Украина да погодува цели и во азискиот дел на Русија.
Трамп го нарече оружјето „неверојатно“ и „многу офанзивно“. - И искрено, Русија тоа не го сака, потенцираше американскиот претседател. Тој рече дека веќе разговарал и со Зеленски за ова прашање.
Иако го нарече потегот „нова етапа на агресија“, Трамп нагласи дека вреди да се разгледа затоа што сака војната да заврши.
Зеленски претходно објави дека разговарале и за системите „Патриот“ и за ракетите „Томахавк“.
Ново на Сител
-
Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар
-
Трамп не ја исклучува можноста за испраќање „Томахавк“ ракети во Украина
-
Царински инспектори открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар
-
Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026
-
Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица
-
Трамп пред посетата на Блиски Исток: Војната во Појасот Газа заврши
-
Франција доби нова влада, Лекорну ветува дека ќе избегне политичка криза
-
Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, во среда доаѓа во Скопје