Јотова: ЕУ многу згреши што ги остави Северна Македонија и Албанија да чекаат до октомври
Европската унија направи голема грешка со одложувањето на одлуката за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија за октомври, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова за БНТ.
– Северна Македонија и Албанија останаа разочарани. Убедена сум дека Европа, Европската унија не може да претендира да биде светски лидер, да интервенира и превенира различни конфликти, не може да седне како рамноправен партнер на масата со големите ако не обезбеди Западен Балкан еден ден да биде дел од политичкото проширување на ЕУ, бидејќи ако предлого останат во предворјето, граѓаните ќе бидат обесхрабрени, потенцира Јотова.
– Мислам дека ЕУ направи голема грешка што ја одложи одлуката за октомври, истакна утрово бугарската потпретседателка. Се надевам дека во ЕУ во октомври ќе бидат помудри, бидејќи ние сите знаеме дека од јуни до октомври нема многу време за да се зборува за, не знам какво, исполнување на критериуми, посочи Јотова.
Таа потенцира дека Северна Македонија даде голем залог за да добие датум за преговори, дека премиерот Зоран Заев дал многу ветувања пред граѓаните, но и дека европските лидери дале многу ветувања до Заев и до целата земја.
Јотова уште потенцираше дека Бугарија е најголем лобист за влез на Западен Балкан во ЕУ.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт