Иванов: Граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби
Граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби, порача претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за „Дневник“, коментирајќи ја актуелната безбедносна состојба во земјата.
Според него, како земја се соочуваме со постојани и директни закани по безбедноста, но сега сосема е поинаква безбедносната состојба и нашата реалност.
- Полицијата и безбедносните служби се повторно под едно старешинство и една команда. Мигрантскиот камп Идомени е испразнет. Заканата што беше од северната граница со преземената полициска акција засега е спречена. Го имаме случајот „Ќелија“ со повратниците од Сирија, кои си го признаа делото и се спогодија, додека другите 86 кои се вратени се под надзор на полицијата и се чека обвинителството да ја доврши истрагата за нив, а пак за оние што се уште се во Сирија, Ирак и Либија се прибираат сите можни информации, вели Иванов за „Дневник“.
Граѓаните, нагласува, треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби.
- Целиот тој систем на разузнавачки служби на некој начин ни беше тектонските пореметен од активностите на Верушевски и неговата група. Но го издржавме тој удар и следат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитети со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму. Многу ни помогна и тоа што го активиравме кризниот менаџмент. Состојбите на безбедносен план навистина се поинакви и граѓаните треба да бидат спокојни, потенцира претседателот Иванов.
Шефот на македонската држава посочува и на можноста за нов мигрантски бран и стравувањата дека ќе биде пожесток од првиот.
- Го имаме искуството од првиот бран. Справување за кое сите ни честитаа и не пофалија. За каква ефикасност на нашиот кризен менаџмент станува збор е и тоа што од милион мигранти кои поминаа низ нашата територија, во Скопје не видовме ниту еден мигрант затоа што се беше организирано, а целиот транзит обезбеден, службите беа на самото место и правеја безбедносни проверки, истакнува Иванов.
Во првиот бран, прецизира, стануваше збор за бегалци од Блискиот Исток, најчесто од Сирија, кои често доаѓаа од урбани средини и кои беа образовани.
- Но, во овој втор бран се очекува да доминираат економски мигранти кои најчесто доаѓаат од неразвиени средини во Африка, лица кои се поагресивни и кои многу ризикуваат, затоа што освен сопствениот живот нема што друго да изгубат. Сега во прашање се милиони мигранти и само тоа е доволно застрашувачки. Затоа велам наместо да ги користиме и трошиме ресурсите за обезбедување на протестите, треба да се концетрираме за вториот бран на бегалци, вели претседателот Иванов во интервјуто за „Дневник“.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел