Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најавува Николовски
Изјави за состојбата на имотот и за судир на интереси ќе пријавуваат и сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.
– Воведуваме нов систем и ова е целосна трансформација на општеството. Во моментот, изјави за состојбата со имотот и изјава за судир на интереси даваат избрани или именувани лица и функционери, но сега со измените кои се предвидуваат, тоа ќе го прават и раководните структури во институциите, како инспектори, цариници, вработени во Катастар, во УЈП, секаде каде граѓаните остваруваат права, а е можна корупција, истакна Николовски во гостувањето во централниот дневник на „Сител“.
Според него, треба да се следи состојбата и на овие лица со цел да се придонесе кон намалување на корупцијата.
– Да знаеме дали некој од катастар има тесна соработка со некое приватно биро за катастар, дали некој инспектор има своја сопствена фирма, да ги пријават акциите, уделите во фирми, имотот, и сметаме дека треба да се следи и нивната состојба и со тоа да придонесеме да се намали корупција, за која треба широк опсег и многу мерки, рече Николовски.
Дигитализацијата и елеминирањето на човечкиот фактор, според него, се клучни во борбата против корупцијата и затоа, како што вели, најавени се сет на мерки и политики на укинување на одредени документи кои граѓаните ги вадат.
– Ќе нема потреба граѓаните да вадат извод од матична книга на родени и тоа да го прават физички, туку добивањето на документите да го прават електронски. Институциите не треба веќе од граѓаните да ги бараат документите, туку сами да ги влечат од националниот регистар на население каде ги има сите информации – за лична карта, пасош, уверение за државјаноство или изводите. Целиот процес ќе се дигитализира, а на крајот и во борбата против корупцијата нема да имаме предмети што ќе стојат во фиока, рече Николовски.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата