Loading Video...
Спорт плус
25. March 2023 - 19:03

И одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија титулата во Купот

И одбојкарките на Работнички Скопје, ја одбранија титулата во Купот. Тие во финалето беа подобри од Наковски волеј 3-1 во сетови.
 
Највозбудлив и можеби пресуден беше третиот, кој по голема драма му припадна на Работнички со 30:28, а тимот на Наковски не искористи дури 4 сет топки.
 
Во четвртиот сет Работнички беше доминантен, го  доби со 25:16, и со конечни 3:1 во сетови втор пат во низа го освојува трофејот наменет за победникот во купот. 
 
Така сега екипите на Работнички Скопје и Струмица Никоб ќе се обидат како и лани да стигнат до двојната круна, односно да триумфираат и во првенството.