Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа
Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.
Груевски, кој е осуден со правосилна пресуда за набавка на мерцедесот, побара политички азил во Унгарија. Оставката ја поднесе од Унгарија кога во Собранието беше поднесено барање за одземање на неговиот мандат.
Пратеникот Богоевски, пак, поднесе оставка по објавената аудио снимка, за набавка на нелегална супстанца, за која тој рече дека станува збор за масло од канабис.
Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик