Македонија
29. October 2017 - 14:17

Гласањето во Македонска Каменица без нерегуларности

На избирачките места во Македонска Каменица до 13 часот гласале 42,2 проценти од запишаните избирачи што е за еден процент повеќе во споредба со првиот круг гласање на локалните избори.  
 
Претседателката на ОИК во Македонска Каменица, Сања Митревска, информира дека на сите 17 избирчки места се гласа без проблеми и досега нема пријавено нерегуларности.
 
Во Македонска Каменица со право на глас на овие избори се 6.754 гласачи.