Македонија
27. March 2023 - 16:32

Епископот Јаков и министерката Тренчевска усогласиле потреба за измени на работната верзија од Законот за родова еднаквост

Неопходна е поширока дебата  за предлог законот за родова еднаквост и вклучување на пошироката, пред се стручна јавност.

Ова било заклучено на средбата помеѓу викарниот епискот Стобиски Јаков и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Владиката ја поздрави подготвеноста на министерката за дијалог и потенцираше  дека средбата не значи и усогласување во однос на предлог законот во таква форма како што е моментално предложен. Тој и понатаму останува на неговиот став и сите забелешки изнесени на трибината.

Предлог законот за родова еднаквост стана актуелен откако фондацијата Елеуса од Струмица организираше трибина на која  зборуваше и владиката Јаков. Од таму тој изнесе низа забелешки на предложеното решение во кое според него терминологијата за родова еднаквост е подметната наспроти половата еднаквост и дава можност за легитимитет на насилството врз жените од страна на биолошките мажи.

Тогаш тој ги повика и пратениците да бидат посебно внимателни кога ваквиот закон ќе се носи во собрание.