Двете Кореи разгледуваат склучување мировен договор, Ким сака средба со Трамп
Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.
- За успех на средбата на врвот Северна Кореја-САД разгледуваме различни начини да ја смириме севернокорејската вознемиреност по прашањето на бебзедноста. Тоа би вклучило крај на непријателските односи, взаемно ветување за ненапаѓање и почетокт на прегооври за мировен договор, што ќе ја замени сегашната спогодба за примиерја, нагласи истиот извор.
Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчершаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.
- Ким Џонг-ун ја потврди и својата посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, изјави денеска Мун на прес-конференција во Сеул, посветена на неговата вчерашна средба со севернокорејскиот лидер во пограничното место Панмунџом.
Мун нагалси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата.
- Се надевам дека по успешните преговори меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, ќе се одржи и трилатерана средба на врвот со учество и на Јужна Кореја, на која ќе биде поптишан и документ за официјално завршување на Корејската војна, доаде Мун.
Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп.
Американскиот претседател во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, „огромниот гнев и отвореното непријателство на Ким Џонг-ун во неговата неодамнешна изјава“.
- Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.
Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано.
Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри", додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања