Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови, соопшти на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Марија Митева. Надзорите се однесувале во однос на исполнувањето на минимално-техничките услови и други одредби предвидено согласност Законот за угостителска дејност.
- Издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 3 милиони 436 илјади денари, 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност кои вршеле дејност без лиценца или пак без исполнување на минимално-технички услови и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителска дејност. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 субјекти констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови последниот извештај којшто го дадовме пред јавноста беа 15, денеска веќе се 17 и за истите е доставена информација до министерството за економија и труд, рече Митева.
Како што соопшти, кај седум објекти се отстранети неправилностите и на барања е извршена дополнителна контрола која покажала дека се отстранети недостатоците, за што информации се доставени до ресорното министерство. Останатите правни субјекти кои немале активна лиценца или поднеле барање до Министерството за економија и труд и не вршат дејност во моментов се под постојан мониторинг и за нив ќе се преземат соодветни мерки согласно закон. Митева информираше дека контролата сè уште е во тек и како Влада очекуваат детален извештај од сите девет одделенија на ДПИ надлежни на територија на Македонија за овие 297 контроли и на правните субјекти да бидат доставен во текот на следната недела.
- Со ова сакаме да ги увериме нашите граѓани дека ова не е еднократен одговор ниту краткорочен ангажман зајакнувањето на институционалната одговорност и враќањето на довербата на јавноста остануваат наши долгорочни приоритети и ќе продолжиме да им пристапуваме на таквите прашања со зголемен фокус доследност и одговорност. Го разбираме интересот на јавноста за ова прашање и ве уверуваме дека ќе ги споделиме сите достапни и проверени информации коишто ги имаме на располагање, рече Митева.
Одговарајќи на новинарски прашања портпаролката рече дека издадени се вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност, кои вршеле дејност без лиценца или не ги исполнувале минимално-техничките услови и 12 за отстранување на неправилности. Кај субјектите е утврдено дека не ги исполнувале минимално-техничките услови коишто се предвидени согласно закон и изречена им е забрана за вршење на дејност, а информација преку записник е испратена до Министерството за економија на увид. Појаснувајќи за какви неправилности се работело, таа додаде дека останати правни субјекти коишто вршеле дејност без лиценца или е утврдено дека и тие не исполнуваат минимално-технички услови во моментов се под постојан мониторинг, имаат забрана за вршење на дејност, за што е информирано Министерството за економија.
- Согласно сите законски процедури коишто стојат на располагање по завршување на овој вонреден би кажала надзор којшто го прави ДПИ заедно со сите институции вклучувајќи го и МВР, финансиската полиција, Инспекторатот за труд, УЈП, јас очекувам дека ќе бидат преземени сите мерки коишто стојат на располагање, рече Митева.
Одговарајќи на новинарско прашање кој испитува одговорност зошто некои објекти работеле извесен период без лиценца, Митева дополни дека во овој момент се врши контрола од ДПИ со останати институции за утврдување на фактичка состојба.
- Јас сум сигурна дека во текот на контролата и утврдување на ваквите состојби коишто се предмет на ваше прашање денеска ќе биде покрената соодветна постапка за сите оние коишто би требале да утврдат за оние коишто работеле спротивно на закон ќе бидат изречени конкретни платни налози и ќе им се направи забрана за вршење на дејност. Одговорност мора да има, затоа велам ова е состојба којашто не е краткорочна не одиме со еднострана контрола ќе продолжиме, изјави Митева.
Што се однесува до изнесените податоци на прес-конференција на ДПИ на 7 март годинава кога директорот, соопштил дека имало 30 предмети во обработка за утврдени неправилности и каде биле опфатени речиси сите големи ланци на маркети, Митева посочи дека треба да се провери записникот и информациите ќе ги сподели со јавноста.
- Дозволете ми да го проверам записникот којшто се однесува на направените контроли коишто се однесуваат на маркетите и на она што беше претходна активност на ДПИ во делот на потрошувачките кошници и во делот на контролирање на цените. Знаете како Влада дека континуирано дадовме и препораки кон самите ланци на маркети да преземат некои активности околу стабилизирање на тој ценовен шок. Веднаш кога ќе ги добијам информациите ќе ги споделам со вас до каде е постапката дали се изречени некои мерки за истото и ќе ве информирам, рече Митева.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година