Македонија
25. September 2024 - 16:33

Цените на становите растат, побарувачката опаѓа - Се очекува стабилизација

Цените на становите растат, побарувачката опаѓа. Народната Банка  објави скок на цената од  11,5 % во вториот квартал годинава,  додека продажбата трета година по ред се намалува. 

Од мај до август продадени  се нешто над 5.000 станови, што е за 8 отсто помалку во однос на  истиот период лани.  Високата цена, заострените услови за кредитирање од страна на банките и зголемените каматни стапки, ги одвраќаат граѓаните од купување нов дом. 

Причина плус е и преценетата вредност на становите, која според Центрлната  банка  лани била 10 отсто, односно  становите вредат помалку од цената по која се продаваат.  Од градежната комора велат дека цените се високи затоа што понудата е ограничена, но веќе се чувствува стабилизација

Притисокот кој беше во изминатиот период бележи стабилизација, Не очекувам зголемување на цената. Порастот кој го објави Народната банка е незначителен процент, така што очекувам стабилизацијата и да нема дополнителене притисок, а главен проблем за тој притисок е неносењето детални планови, изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежна комора при Сојуз на стопански комори   

Во Извештајот за финансиска стабилност се посочува дека становите со просечна пазарна вредност им се достапни само на домаќинствата со натпросечен доход. Останатите со просечни примања, не можат да си дозволат нов дом. Времето кога можеше секој да си дозволи недвижност заврши, велат градежниците, иако се согласуваат дена 2,200 евра за метар квадратен е нереала цена

Ако ја споредиме со стандарод и навиките  да имаме евтина недвижност , таа цена не е реална. Но  ако се земат во предвид сите други параметри, реалнсота е дека нема да може секој да си купи, додава Јакимовски.

Во Извештајот се наведува и дека цените на становите во европските држави бележат пад, со исклучок на Хрватска, додека кај нас растата и тој пораст е над просекот од земјите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа.