Бројот на новозаразени во Австралија прв пат во последните пет дена под 100.000
Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, првпат во последните пет дена, а официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот.
Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрираа вкупно 85.824 случаи на инфекција, што е значителен пад од рекордните повеќе од 150.000 во четвртокот, по што бројот на новозаразени почна да се намалува.
Здравствените власти вчера соопштија дека симулациите покажале дека Австралија се приближува кон врвот на бранот, предупредувајќи дека бројот на случаи ќе остане висок во „следните неколку недели”.
Австралија претходно со строги карантини го ограничуваше ширењето на вирусот, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.
Годинава се регистрирани повеќе од 1,3 милиони случаи, додека во 2020 и 2021 година имаше вкупно 200.000 случаи.
Австралија почна да ги олеснува мерките кон крајот на минатата година, откако беше постигната стапка на вакцинација од 70-80 отсто.
Во Австралија, повеќе од 92 отсто од населението на возраст над 16 години имаат примено најмалку две дози од вакцината против коронавирус.
Вкупниот број на заразени во Австралија од почетокот на пандемијата неделава надмина 1,5 милиона, додека досега од болест предизвикана од заразата умреа 2.673 лица.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце