Бентеке најскап белгиски фудбалер

Белгискиот напаѓач Кристијан Бентеке официјално стана член на Ливерпул за сума од 47 милиони евра. Менаџерот Брендан Роџерс реши да ја активира откупната клаузула која ја имаше во договорот Бентеке и успеа да го донесе на Енфилд сега веќе екс голгетерот на Астон Вила.
Уште од заминувањето на Луис Суарез, Бентеке беше желба на менаџерот на Ливерпул. Роџерс лани не успеа, но оваа сезона го донесе Бентеке, кој официјално стана најскапиот белгиски играч, рушејќи го претходниот рекорд на Аксел Витсел.
Бентеке во 2012 година се пристигна во Астон Вила од редовите на Генк и на 101 натпревар постигнал 49 голови. Минатата сезона имаше проблеми со повредите , но се врати во тимот во финишот на сезоната и на 12 натпревари постигна исто толку голови и беше клучниот фактор во изборениот опстанок во лигата.
Белгискиот напаѓач е четврто засилување за Ливерпул во преодниот рок, претходно договори со ’црвените’ потпишаа Нетенијел Клајн, Роберто Фирмино и Дани Ингс.
Ново на Сител
-

Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота
-

Ванс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа
-

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
-

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
