Андоновски: Ние не бараме амнестија, ние бараме правда за уставобранителите
Не сакам да навлегувам во ингеренциите на претседателот. Постапката за 27-ми април е со завршена пресуда на Апелациониот суд, и следна инстанца е Врховниот суд. Но, знаеме дека постојат случаи со завршени судски пресуди во кои постапката е вратена на повторно судење од страна на Врховниот суд, вели меѓународниот секретар и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Зошто средба со претседателот? Не, ние не бараме амнестија, не бараме аболиција на овие луѓе, бараме правда за овие луѓе, затоа што овие луѓе со тоа што беа осудени за терористи беа политички обесправени од страна на политички диктирана пресуда од страна на судија со политички диктат кој што ја пресуди, вели Андоновски.
Мешање на политиката е кога од позиција на моќ како што зборуваше премиерот во прилогот коментирајќи судски пресуди во која насока треба да се движат и ќе ве потсетам дека во 2015та година тој коментираше дека има тој докази кои што ќе го вратат случајот Монструм на повторно судење односно на повторно одлучување, а гледаме дека казните во 80 проценти се исти, пресудата е иста, но тогаш со лажење на македонскиот народ, со лажење на родителите чии што деца настрадаа на тој грозоморен настан тој издејствува повторно судење, рече Андоновски
За детали не можам да дискутирам затоа што не знаеме што ќе биде на таа средба, изјави тој.
На прашањето дали утрешната средба значи затоплување на односите со шефот на државата и официјален крај на тоа што значеше замрзнување на релациите после доделување на мандатот по парламентарните избори, Андоновски посочи:
Нашите односи беа замрзнати со претседателот Пендаровски затоа што тој покажа целосна неискреност. Вие да зборувате за право, за почитување на устав и закон а да направите нешто спротивно од тоа е целосна неискреност и лажење на македонскиот јавност. Нашиот однос кон институцијата претседател ќе зависи од односот на претседателот и јас би оставил да почекаме утрешната средба што ќе покаже за да видиме како ќе се движи тој однос во иднина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании