Спорт плус
26. March 2023 - 18:11

Актуелниот шампион Бањаја со победа ја започна новата сезона во Мото ГП

Франческо Бањаја е победник на првата овосезонска трка во Мото ГП шампионатот. 
 
Италијанецот, кој е актуелен светски шампион, со своето Дукати беше најбрз на денешната трка што се возеше за Големата награда на Портигалија . 
 
Бањаја прв ја мина целната рамина пред Шпанецот, Маверик Виљалес на Априлија, односно Италијанецот, Маро Беѕеки од тимот на Дукати
 
Повеќекратниот светски првак Марк Маркез не ја заврши трката, откако имаше контакт со домашниот натпреваровач, Португалецот, Оливеира.