80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
Според подрачно одделение на министерството за земјоделство во Прилеп се очекува за реколтата 2025 да има зголемено градинарско производство за 5 до 10% во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Тоа пред се се должело на минатогодишната добра цена на пиперката и големите количини кои се продале, а се очекува и годинава цената на пиперката да биде иста како лани. За тоа дека земјоделството е се уште посакувано дејност во овојј крај зборува и фактот што овој регион бил на прво место по издадено државно земјоделско земјиште под концесија.
„Интересот за земјоделско производство во Прилеп и прилепско е се уште добар. Тоа ни го покажува фактот што на последните неколку огласи, вклучително и на последниот повик кој го имавме за државно земјиште до 3 хектари, во прилепско имаше 300 апликакции, од кои за 250 Министерството веќе склучи договори. Станува збор за отприлика од 500 до 600 хектари земја само на последниот повик“, изјави Николче Карапеески, раководител на подрачно одделение на Министерството за земјоделство Прилеп.
Од друга страна пак според агрономоите ние сме увозно зависна земја за храна, без добра земјоделска стратегија и затоа нашите граѓани јадат скап зеленчук и овошје. Според нив земјоделството воопшто не е гранка во Македонија кое се развива и напредува.
„Ние сме увозно зависни со 80% од храната што ја јадеме. Што знали од таму од каде што купуваме државите извозници на храна ги диктираат цените, а кога како држава не се производител вие зависите и морате да купите по цената по која ви се продава. Ако се знае фактот дека од 127.000 производители на земјоделски производи во 2014 година, бројката паднала на само 62.000 во 2024 година тоа е повеќе од половина намален број на земјоделски производиотели“, рече Филип Димкоски, агроном.
За подобар земјоделски развој и производство на повеќе храна потребна е далеку подобра стратегија и мерки.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар