Зошто партнерите почнуваат да наликуваат еден на друг?
Честопати забележуваме како двајца долгогодишни љубовни партнери почнуваат да наликуваат еден на друг: исти движења, гримаси, па дури и цртите на лицето некако им се изедначуваат.

Научници од Универзитетот во Мичиген се обидоа да дадат одговор на тоа прашање. Имено, тие направиле анализа на снимки на луѓе кои биле младоженци пред 25 години и на нивните денешни лица. Се покажало дека сопружниците навистина почнуваат да личат меѓу себе.
Стручњаците претпоставуваат дека причината за тоа е, главно - блискиот меѓусебен контакт. Тоа ги тера човекот да го „имитира“ својот партнер, односно да ги поприми неговите, или нејзините движења, гримаси, реакции, што со тек на времето предизвикува партнерите да добијат брчки на истото место на нивните лица, на пример.
Заедничкиот живот, сличните и исти навики, се исто така, важен фактор, но најважно, по се, изгледа е нашата предодреденост - наместо спротивностите, да не привлекуваат луѓе слични нам.
Заклучокот е едноставен - многу е веројатно Вие и Вашиот избраник да си личите еден на друг од самиот почеток.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
