Зошто не треба повеќе пати да пиете вода од истото шише?
Дали повеќе пати користите пластично шише за вода или за сок?
Еве зошто тоа не е добра идеја. Пластичната амбалажа, особено шишињата од кои пиеме вода или сокови, се легло на бактерии кои посебно се размножуваат во текот на летниот период и на високи температури повеќе се размножуваат.
Секогаш кога однового користите истото шише кое е наменето за еднократна употреба, има сѐ повеќе и повеќе бактерии. Без оглед на тоа дали сте го измиле.
Исто така, не е паметно шишето од кое сте ја испиле водата, да го миете со детергент за садови, затоа што делот кој се допира на устата има навои и никогаш нема да можете целосно да го измиете од хемикалиите.
Секако, најсигурно би било шишињата со вода или сок да ги користите само еднаш, затоа што тие се наменети за еднократна употреба. И секогаш, ако имате можност, користете чаша.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска