Зоран плачеше покрај мајката на Јелена: Ја молел за прошка!

Тешко болната Зорица Крсмановиќ, мајка на брутално убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ во Военомедицинската академија ја посети зетот Зоран Марјановиќ.
-Ене го, доаѓа кај мајката на Јелена за прошка. Себеси се смета виновен за нејзината смрт, е само еден од коментарите кои пациентите на ВМА ги разменуваат секојдневно гледајчи ја мајката на Јелена како клечи и плаче покрај креветот.
Нивните емотивни средби ги потресоа сите во болницата.
-Зоки мој, ти кога дојде сонце ме огреа, едвај изговорила Зорица.
Според зборовите на очевидици, во една прилика Зоран ја донел и Јана во болницата, за која Зорица постојано се распрашува, но девојчето заспало во возилото, па Владимир останал да ја чува на паркингот. Наместо тоа, Зоран на својата тешта и донел слика од нејзината внука.
-Тоа и го кажа Зоран, зошто таа веднаш праша каде е внуката. Потоа го извади телефонот и и покажа фотографии од малечката кои ги сликал во саботата наутро, вели очевидиец и додава.
-Како да имаше сила, сликите и измамија насмевка. Тргнаа и солзите, зошто Зорица цело време гледаше во телефонот.
Инаку кога Зоран влегол во собата во која лежела неговата тешта, и кога ја видел во каква состојба е, не можел да ги запре солзите.
-Силно ја гушкаше и така останаа неколку мигови. Клечеше покрај нејзиниот кревет, па разговараа. Дека на Зорица и годеше средбата, говори и тоа што силно го гушкала и му шепотела: Зоки мој, ти кога дојде, сонце ме огреа, вели сведок на посетата.
Очигледно дека односите меѓу тештата и зетот се добри и дека таа безусловно му верува и натаму, дека тој нема никаква врска со бруталното убиство на нејзината ќерка.
-Таа знае дека Зоран не е вмешан во убиството на Јелена. По смртта на ќерката, освен сестрите и малечката Јана, таа нема никого. Зорица и сама гледа колку зетот се грижи за девојчето и дека целото време и го посветува, вели извор близок до семејството.
За Зорица исто така се грижат и нејзините две сестри Славица и Љубица.
-Зорица е во лоша состојба, слабо зборува и само лелека. Со сестрата Славица постојано ја посетуваме и се надеваме дека ќе биде подобро, вели Љубица.
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
