ЗОИ: Јада последен на крос-кантри маратонот, победник Бољшунов од Русија
– Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада го освои последното, 56. место на денешниот маратон на Олимпијадата во Пекинг.
Јада патеката која од 50 беше скратена на 28 километри, ја мина со време 1:25:41.8 час, односно 14 минути заостанување зад победникот Александар Бољшунов од Русија.
Рускиот скијач до златото дојде со време 1:11:32.7 час. Тој освои медали на сите олимписки трки на кои учествуваше. Има четири медали на Олимписките игри во Пјонгчанг: бронза во спринт и сребро во штафетата, екипен спринт и маратон. На Игрите во Пекинг, Бољшунов има злато во скиатлон, штафета, маратон, сребро во класично трчање и бронза во екипен спринт.
Второто место го зазеде уште еден Русин, Иван Јакимушкин, кој заостана 5,5 секунди зад сонародникот, додека трет беше Норвежанецот Симен Кругер со заостанување од седум секунди.
Русија со шест златни медали се искачи на 8. место во поредокот на земјите медалисти на ЗОИ 2022.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива