-->
-->
ЗОИ: Гут – Бехрами олимписка победничка во супервелеслалом
-->
– Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера.
Бројот 7, кој Кинезите го сметаат за многу среќен, и донесе огромна радост на 30-годишната Швајцарка, која ја потврди доминацијата во дисциплината во која е актуелен светски првак.
Гут – Бехрами триумфираше со време 1:13:51 минути пред Австријката Миријам Пуцхнер, а бронзата ја освои нејзината сонародничка Мишел Гисин.
За Гут – Бехрами, која сега е главен фаворит за златното одличје и во спуст, ова е трет олимписки медал, а втор на Игрите во Пекинг, откако ја освои бронзата во велеслаломската трка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
