Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците
Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, денес соопшти дека спогодбата за привремен прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги зароби Хамас во Газа, не е приоритетна тема на денешната владина сесија.
„Тајмс оф Израел“ го цитира министерот кој категорично тврди дека „Израел се залага само за сеопфатен договор за прекин на огнот и враќање на заложниците“. Тој додава: „Веќе нема можност за делумен договор“.
Зохар за Канал 12 изјави: „Тоа не е на нашата агенда. Единствената тема е завршување на војната, се разбира, со враќање на сите заложници и демилитаризација на Појасот Газа“.
Пред две седмици, Хамас објави дека ќе се согласи на двомесечно примирје во склоп на кое би ослободил 10 од 48-те израелски заложници за кои тврди дека се’ уште се живи во Газа.
Израелската влада не даде одговор на оваа понуда и продолжува со подготовките за преземање на контролата над градот Газа.
Ново на Сител
-
Три девојчиња тепаат и снимаат 11-годишна малолетничка во Чаир | ВИДЕО
-
Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот на Арсовска
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо