Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците
Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, денес соопшти дека спогодбата за привремен прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги зароби Хамас во Газа, не е приоритетна тема на денешната владина сесија.
„Тајмс оф Израел“ го цитира министерот кој категорично тврди дека „Израел се залага само за сеопфатен договор за прекин на огнот и враќање на заложниците“. Тој додава: „Веќе нема можност за делумен договор“.
Зохар за Канал 12 изјави: „Тоа не е на нашата агенда. Единствената тема е завршување на војната, се разбира, со враќање на сите заложници и демилитаризација на Појасот Газа“.
Пред две седмици, Хамас објави дека ќе се согласи на двомесечно примирје во склоп на кое би ослободил 10 од 48-те израелски заложници за кои тврди дека се’ уште се живи во Газа.
Израелската влада не даде одговор на оваа понуда и продолжува со подготовките за преземање на контролата над градот Газа.
Ново на Сител
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат