-->
-->
ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-->

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи може да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од ЗНМ по прес конференцијата на СДСМ.
„Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи“, стои во реакцијата на Здружението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
