Знаци на предупредување дека ви треба повеќе сон

Сонот е многу важен за психичкото и физичкото здравје, но многумина од нас го жртвуваат за да не пропуштат нешто. За жал, се што е претерано остава негативни последици, па и недостигот на сонот...
Го одложувате алармот наутро по неколку пати: Одложувањето на алармот поради поспаност укажува на тоа дека не сте спиеле доволно, или квалитетот на вашиот сон бил лош.
Се будите доцна во тек на викендите: Ако за викенд никако не можете да станете рано од кревет, најверојатно страдате од недостиг на сон и дека на тој начин вашето тело се обидува да го надомести. За жал, дополнителниот сон никако не може да ги замени пропуштените часови на сон, а може да се случи и да го нарушите природниот ритам, па не можете да заспиете во текот на ноќта.
Раздразливи сте и мрзоволни: Голема штета е што многу луѓе не сваќаат колку недостигот на сон може негативно да влијае на расположението. Сонот има големо значење за обработка и контрола на емоциите.
Често кашлате и сте настинати: Многу истражувања потврдија дека недостигот на сон негативно влијае на имунитетот.
Никако не можете да ослабите: Недостигот на сон е главна причина за дебелина. Кога телото не добива доволно сон, лачи значително повеќе грелин, хормон кој го стимулира апетитот, а значително помалку лептин хормон кој го спречува чувството на глад.
Не можете да се концентрирате, побавно ги решавате проблемите и имате слабо памтење: Во текот на сонот, токсините наречени бета амилоиди, кои се таложат во мозокот, се чистат десет пати побрзо отколку во состојба на будност. Исто така, во текот на сонот информациите се надоградуваат и преминуваат во долготрајна меморија. Тоа е една од причините зошто наспиените луѓе постигнуваат подобри резултати на тестовите.
Вашето ниво на шеќер во крвта се зголемува: Недоволно сон може да предизвика јавување на инсулинска резистенција, а голем број на луѓе на кои им е дијагностициран пред-дијабетис ќе го вратат своето здравје во нормала ако спијат седум до девет часа дневно.
Вашиот крвен притисок почнува да се зголемува: Сонот е многу важен за кардиоваскуларното здравје. Всушност нашиот крвен притисок за 15 единици е послаб кога спиеме. Ако спиете помалку од седум часа дневно, најверојатно во иднина ќе имате проблеми со зголемен крвен притисок.
Пиете кафе по цел ден: Многу луѓе не можат да го поминат денот без кафе, пиејќи од утро до вечер. Во повеќето случаи, нивната будност и внимание до толкава мера зависат од конзумирање на кафе, што повеќе не сваќаат зошто тоа воопшто си го прават. Истражувањата покажаа дека причината за тоа најчесто е токму недостиг на сон или лош квалитет на сонот.
Ново на Сител
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
-

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
-

Одбраната на Деко бара куќен притвор поради влошено здравје, дошол на судење со отворена рана
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Косовец со тесла ограбил тобако, украл 52.900 денари па избегал со велосипед
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
