Значително намалување на бројот на грипозни во Кавадарци
Значително намалување на бројот на заболени од грип во текот на изминатата седмица има регистрирано Центарот за јавно здравје од Кавадарци, информираше денеска епидемиологот Ристе Јовановски.
- За една седмица евидентиравме 76 лица заболени со грип наспроти 347 грипозни, колку што изнесуваше бројот на заразени со овој сезонски вирус во само една седмица во февруари, рече Јовановски.
Тој посочи дека од почетокот на сезоната за грип, досега, Центарот има регистрирано 1.611 пациенти со сезонски грип, или нешто повеќе од минатогодишните 1.397 во овој период од годината.
- Најмногу заболени од Кавадарци и Росоман имавме во месец февруари, вкупната бројка на грипозни во тој месец изнесуваше 1.124. Секоја сезона на грип луѓето најмногу заболуваат во јануари и февруари, додаде Јовановски.
Ново на Сител
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола