Значително намалено уништувањето на шумите во Амазонија
Сечењето шуми во бразилска Амазонија падна за 34 отсто во првата половина на 2023 година, покажаа синоќешните прелиминарни владини податоци, достигнувајќи го најниското ниво во последните четири години, бидејќи претседателот Луис Инасио Лула да Силва започна построги еколошки политики.
Податоците од бразилската национална вселенска агенција ИНПЕ покажуваат дека во регионот за половина година се „исчистиле“ 2.649 квадратни километри, најмалку од 2019-та.
-Тоа е многу позитивно, но сепак имаме многу високо ниво на уништување на шумите, рече Даниел Силва, аналитичар во непрофитната организација ВВФ Бразил (WWF Brasil).
Министерката за животна средина Марина Силва нагласи дека се прават напори да се осигураат оти планот против уништувањето на шумите веќе е во полн замав.
-Ова е резултат на нашите итни напори, изјави Силва.
Лула ја презеде функцијата во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на сечата на шумите до 2030 година.
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот