Македонија
12. August 2025 - 12:25

Колабирања и сончаници поради топлото време

Зголемен бројот на колабирани граѓани , пациенти со варијации на крвниот притисок ,несвестици и сончаници ова се најчестите интервеници на тимовите на Црвениот крст на јавните места и плажите долж охридското езеро поради високите температури.Топлото време и напливот на туристи во екот на летната сезона повеќекратно го зголемија обемот на работа и на здравствените институции.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце и да се пие повеќе вода.

Деновиве температурите ќе се движат околу 40-тиот степен .Од Црвениот крст посочуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки наредните денови за време на топлотниот бран за да не дојде до влошување на нивното здравје.