Меѓутоа следуваше шокантен престврт во потрагата кога телото на детето е пронајдено во багажникот на девојката на таткото. Ана Хулија Гехада, за да биде злосторството по монструозно цело време била вклучена во потрагата по детето, глумејќи загриженост и ронејќи крокодилски солзи.
Полицијата ја запрела девојката на автопат, а при претрес на возилото во багажникот на автомобилот го пронашле безживотното тело на детето. Ана Хулија веднаш е уапсена, за што потврди и министерот за внатрешни работи Хуан Игнацио Зоидо.
Министерот Зоидо на својот Твитер објави дека „владата и сите Шпанци се во болка и шок“. Министерот исто така ја замоли јавноста за почитување на полициската истрага и неширење на лажни вести за случајот.
Да потсетиме, Габриел последен пат е виден на 27. февруари кога излегол од куќата на својата баба во селото Лас Ортичулас во општината Нихар.
Тој требало со пријател да се врати дома, но таму никогаш не стигнал.
Неговиот татко Анхел Круз и неговата сега веќе уапсена девојка Ана Хулија Гехада, по потекло од Доминиканската Република на 3. март пронајдоа маичка со ДНК на детето на 10 километри од Нехар.
Шпанските медиуми објавија дека полициајта од тогаш ја следела Ана Хулија. Во меѓувреме се дознало и дека имала лош однос со синот на својот партнер.
Во петокот мајката на детето Патриција Рамирез и таткото Анхел изјавија дека „повеке од било кога“ се надеваат дека ќе биде пронајден нивниот син. Потрагата е завршена, но за жал трагично.