Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ
Грчкиот премиер од од Њујорк порачува да се почитува Преспанскиот договор бидејќи без добрососедски односи нема место во Европската Унија. Мицотакис вели, за заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба да има место во регионот што е на праг за членство во ЕУ. Земјите од ЗБ да работат на внатрешните реформи но и да ги почитуваат меѓународните договори.
„Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги“, изјави Мицотакис.
И претседателката Гордана Силјановска-Давкова во нејзиниот говор на 79 генерално Собрание на ОН, се осврна на Преспанскиот договор, но и сите услови кои Македонија морала да ги испорача низ годините за да ги започне преговорите, за денеска се уште да сме во чекалната на ЕУ.
Потенцира дека проширувањето мора да се врзе со Копенхашки критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.
Но, членството во ЕУ, заради кое го прави тоа, не само што не се оствари, туку македонските граѓани сега се пред нов, повторно ‘последен услов’ за уште една уставна измена, но, не за членство, туку за почеток на преговорите и тоа по втор пат! За нас, членството во ЕУ, по 20 години преговори и дури 16 позитивни извештаи од Европската комисија, наликува на господинот Годо, оти го чекаме од 2005 година, охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот: ‘уште само овој услов’, ‘уште само оваа отстапка’, ‘уште само оваа уставна измена’. Така, станавме ‘sui generis’ држава, со 36 уставни измени за 30 години, закотвена во геополитичкиот регион наречен „Западен Балкан“, истакна Силјановска.
Денеска македонската претседателка имаше средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар на САД за Западен Балкан, каде што изрази очекување дека САД ќе ја засили поддршката за Македонија за побрз почеток на пристапните пеговори со ЕУ. Касаноф пак највил дека Владата во Скопје може да смета на поддршката од САД во обидот да се пробие блокадата со која се соочува Македонија на патот кон ЕУ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар