Злоставувале дете (13): Му ги соблекле гаќите, го врзале за кош и го исмевале
Четворица тинејџери се пријавени во полиција дека злоставувале дете.
Полицијата доби налог од вишото јавно обвинителство од Сомбор да ги сослуша J. Р. (17), Р. П. (17), А.Р. (16) и Дејан Т. (19) од Сивац, кои се осомничени за вршење кривично дело злоставување и мачење.
Насилството се случило во вечерните часови во дворот на ОУ „20.Октомври“ во Сивац.
Четирите момчиња по кавгата го фатиле В.С. па му ги врзале рацете за конструкцијата од кошот на училишното игралиште.
Потоа со навредување и понижување, му ги соблекле панталоните и долната облека.
Момчето ги молело да престанат, а тие по некое време го одврзале, го спуштиле на бетонот и му дале да се облече и да побегне. Потоа тинејџерите се разбегале.
Вознемиреното дете случајот го раскажал дома, по што родителите пријавиле во полиција.
Таму, осомничентите момчиња се извлекувале дека тоа им било само игра, дека нешто не послушал и тие му се налутиле и така го казниле.
Децата се сослушани во полиција во присуство на родителите.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори