„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, по катастрофалните поплави и силното невереме што викендов ја зафатија Бугарија. Веста, како што пренесуваат буугарските медиуми, предизвика невидена „златна треска“ на јужниот брег на Црното Море.
Властите презедоа строги мерки за ограничување на пристапот до плажите, претворајќи ги во забранета зона за стотици авантуристи кои доаѓаат со надеж дека брзо и лесно ќе се збогатат.
Градоначалникот на општина Царево, Марин Киров, потврди дека банкноти се појавиле на една од плажите по катастрофалните полави, но нивното потекло сè уште не е утврдено.
– Се тврди дека поплавниот бран однел метален сеф од локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации за тоа што е регистрирано во полицијата, како штета, и дали воопшто е регистрирано. Нема начин со сигурност да се знае дали банкнотите доаѓаат од сефот на оваа компанија, рече градоначалникот.
Тој истакна дека Општина Царево на никаков начин не е вклучена во овој случај. На прашањето дали нуркачи го бараат сефот во морето, Киров објасни дека денеска, додека бил со екипите што спроведуваат превентивни активности за новото невреме што го најавуваат метеоролозите, забележал нуркачи во морето, но не знае со која цел.
Од раните утрински часови, поставени се контролни пунктови на сите влезови во Царево. Полициските патроли темелно проверуваат секој автомобил и не дозволуваат влез во градот на никого кој не може да докаже валидна причина за својата посета. Целта е да се запрат „ловците на богатство“ кои ја запоседнаа плажата во потрага по сефот и златото.
Во обемната операција е вклучена тешка механизација, вклучувајќи багер кој пребарува тони песок и тиња, како и тим професионални нуркачи кои го истражуваат морското дно во близина на брегот.
МИА
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија